Skip to main content
Хроника

Тројца приведени во Скопје, меѓу кои и малолетник

06/07/2025  15:01

На 5 и 6 јули 2025 година, на неколку локации низ Скопје, полициски службеници од СВР Скопје привеле три лица, откако кај нив биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Приведените се Г.А. (52) од Пробиштип, Л.Ѓ. (19) од Скопје и едно малолетно лице, исто така од Скопје. Од нив се одземени недозволени супстанции, за кои се сомнева дека се опојни дроги.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случаите, против осомничените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до надлежното обвинителство.