Skip to main content
Македонија

Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

06/07/2025  14:33

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на прес-конференција официјално го објави кандидатот на партијата за градоначалник на Град Скопје. Тоа е актуелниот градоначалник на општина Кисела Вода – Орце Ѓорѓиевски.

„Скопје заслужува енергија, визија и човек кој знае како се води општина. Ѓорѓиевски покажа дека знае како да направи резултати и сега е време таа посветеност да ја пренесе на ниво на главниот град,“ изјави Мицкоски.

Ѓорѓиевски во последниве три години беше на чело на Кисела Вода, каде според ВМРО-ДПМНЕ, реализирал голем број инфраструктурни проекти и значително ја подобрил локалната самоуправа.

Со оваа најава започнува официјално кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за престојните локални избори, при што лидерот на партијата најави и низа други кандидати кои, како што рече, ќе донесат „практични решенија за секојдневните проблеми на граѓаните“.