Skip to main content
Хроника

Приведен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

06/07/2025  14:29

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.

Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.

Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.