Skip to main content
Забава

Водителката Александра Илиевска со колегите од Канал 5 прослави јубилеен роденден (ФОТО)

06/07/2025  13:13

Александра Пановска Илиевска, водителката на утринската програма “Здраво Македонијо” на Канал 5 телевизија вчеравечер го прослави својот јубилеен 40ти роденден, а секако на прославата присуствуваа и дел од нејзините колеги од телевизијата.

Облечена во прекрасен црн стајлинг, прикладна шминка и фризура за која е заслужен стилистот Октај Сејди, Александра буквално блесна на забавата која беше организирана на кровот од зграда во центарот на Скопје.

Колегите Роберт Јанков, Бисера Ловачева и Јелена Спенџарска дојдоа заедно да го прослават овој значаен ден, а за музиката се погрижи музичарот познат како Сале Певац.