Skip to main content
Македонија

Почина новинарката Валентина Базерко

06/07/2025  10:44

Вчера, на 62 годишна возраст почина новинарката Валентина Базерко.

Новинарската кариера ја започна во „Млад борец”, а потоа самопрегорно работеше во Македонското радио. Беше борец за правда и професионализам, дописник од Тајван, известуваше од значајни меѓународни конференции.

Базерко беше партизанска внука и ќерка која и покрај животните удари го сакаше новинарството и работата, се грижеше за негување на македонскиот јазик и современиот радио израз.

Колегите од сите медиуми се простуваат од Валентина Базерко.