Search

Гвинет Палтроу запрепастена дека била мета на потсмев поради фразата што ја употреби кога објави дека се разведува

Оскаровката Гвинет Палтроу вели дека одлуката да се раздели со нејзиниот прв сопруг Крис Мартин била премногу болна, но ништо не можело да ја подготви за јавното исмејување што ја поздравило најавата за нивно „свесно одвојување“ – фраза што ја употребија ѕвездата на „Вљубениот Шекспир“ и фронтменот на „Колдплеј“ кога во 2014 година објавија дека се разделуваат по 10 години брак, и се надеваат дека ќе останат блиски пријатели.

Во есеј во септемвриското издание на британски „Вог“, Палтроу вели таа била свесна дека развод на селебрити-личности секогаш привлекува внимание.

„Но, никогаш не можев да го предвидам тоа што следеше. Изненадувањето на јавноста набргу се претвори во потсмев. Чудна комбинација на исмејување и гнев што никогаш претходно не сум видела,“ пишува Палтроу. „Интензитетот на реакциите ме натера да ја закопам главата во песок подлабоко од било кога во мојот јавен живот.“

Актерката Палтроу, која исто така е основач на лајфстајл-брендот “Гуп“, рече дека фразата свесно одвојување ја користел психијатарот кај кои оделе со Крис бидејќи тие сакале да избегнат лутина и да останат блиски и покрај нивниот развод.

Гвинет, која има две деца со Крис, се омажи втор пат во септември 2018 година со телевизискиот продуцент Бред Фалчук. Поранешниот сопруг и неговата девојка Дакота Џонсон присуствуваа на свадбата и им се придружија на младенците на нивниот меден месец на Малдиви.

Модерниот меден месец е уште една потврда дека продолжуваат со својот близок однос и по разводот, коментираа таблоидите кога ја објавија веста за „фамилијарниот меден месец“.

Треба да знаете
Последни објави