Skip to main content
Хроника

Маж од Радовиш ги претепал сопругата и синот – повредени се двајцата

05/07/2025  15:26

Вчера во 17.15 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода У.Б.(50) од Радовиш. Тој, истиот ден околу 15.40 часот во неговиот семеен дом физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивниот малолетен син, при што им нанел телесни повреди, констатирани од лекар од Здравен дом Радовиш.