
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев по најавите од Бугарија дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент се согласиле да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од Предлог-извештајот за напредокот на Македoнија вели дека тоа е поради сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ кои се дел од Европскиот парламент.

„Другарите на Мицика, десничарите од Европскиот парламент, го избришаа терминот „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ од ЕУ извештајот за Македонија! Каков шамар за конзервативната Влада на ДПМНЕ. Е до толку се почитувани нашите власторшци во Европа. Багро неспособна, се прокоцкавте само за да ви идат тендерите“, порача Апасиев.
Според бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев кој е дел од Европската народна партија, во која членува и ВМРО-ДПМНЕ, темите за идентитетот и јазикот немаат место во извештајот за напредокот на земја што аплицира за членство во ЕУ