Skip to main content
Македонија

„Можно е да се кандидирам како независен“ порачува градоначалникот на Струмица, Костадинов

03/07/2025  16:13

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов се обрати на социјалните мрежи за да одговори, како што вели на стотиците пораки дали би се кандидирал како независен кандидат за градоначалник на претстојните избори.

Почитувани пријатели,секојдневно добивам стотици пораки, повици, разговори – со едно исто прашање:
„Дали ќе се кандидираш како независен кандидат за градоначалник?“

Мојот одговор е: Да, можно е, но оваа одлука не е конечна ова е мисла во зачеток. Но ова не е одлука за слава, туку одговорност пред сите вас. Затоа сега е време за многу трпение, мудрост и длабоко размислување. Не сакам со ништо да им наштетам на моите другари – на луѓето со кои го делев и доброто и тешкото.

Но не можам да молчам пред оваа енергија што ја чувствувам од граѓаните. Веќе разговарам со многумина –
со народот на терен, со граѓански здруженија, со партии, со чесни социјалдемократи и квалитетни луѓе кои тешко дека ќе се најдат на новите советнички советнички листи.

Да, сѐ е возможно. Но потребно ми е време. Одлуката ќе ја соопштам јавно, за неколку недели – и таа ќе биде остра, конечна и целисходна. Зашто кога одговараш пред народот – мораш да бидеш подготвен не само да победиш,
туку и да ја носиш победата со чест. До тогаш, продолжуваме со народот, со идејата, со Струмица. Благодарам за големата доверба и барам максимално трпение од ваша страна“ пишува Костадинов.

Инаку, вчера лидерот на СДСМ Венко Филипче соопшти дека кандидат на СДСМ за градоначалник ќе биде Марјан Даскаловски кој е долгодишен години е член на Советот на општината, а кусо време