
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:
Почитувани,
СДС со кадри на Заев и Филипче тргнува во сигурен пораз на локалните избори.
СДС со новите предлог кандидати за градоначалници, само потврдува дека ништо не научиле. Наместо нови и вредни луѓе, тие повторно нудат истрошени фигури, проверени послушници на Заев и Филипче.
Овие кандидати немаат ниту углед, ниту поддршка во своите општини. Граѓаните ги препознаваат како симболи на неспособност, корупција и партиска уцена.
Таков е и примерот со Марјан Даскаловски кој е близок човек на Заев, познат по притисоци и закани врз граѓани.
Даскаловски под насока на Заев во 2014 година, се заканувал со бркање од работа и гаснење на струја на ромски семејства ако не го дале гласот за СДС.
Тоа се кадрите на СДС. Луѓе кои се закануваат јавно, сеат страв и го дестабилизираат општеството.
Луѓето се можеби други, но матрицата им е иста.