Skip to main content
Македонија

Спасовски: Со Мартин Костовски како градоначалник, Куманово ќе излезе од застојот

03/07/2025  13:10

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски го поддржа изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник на Куманово.

„Верувам дека со неговото искуство, посветеност и длабоко познавање на локалната самоуправа, конечно ќе успееме да го вратиме Куманово на вистинскиот пат. Мартин долги години работеше во Општина Куманово и извршуваше значајни партиски и јавни функции. Тој ја познава реалната состојба на терен, ги разбира предизвиците и има капацитет да донесе вистински и конкретни промени. Убеден сум дека неговата визија, енергија и искреност ќе бидат препознаени од граѓаните, и дека ќе добие доверба да ја води општината со чесност, транспарентност и посветеност кон јавниот интерес. Време е Куманово да излезе од застојот. Со Мартин Костовски – тоа е можно“ пишува Спасовски.