
Малолетничка е тешко повредена, а 20-годишник полесно при сообраќајка на патот Чешиново-Облешево.
– На 25.06.2025 околу 22.10 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на патот Чешиново-Облешево во близина на место викано „Чифлички бунари“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мопед управуван од З.М.(20) од село Крупиште, штипско, и мопед управуван од 17-годишна малолетничка од село Лески, виничко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, а со телесни повреди се здобил З.М., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кочани.