
Метео анализа на Славчо Попоски:
Топлотниот бран со потекло од југ, односно од Африка, во нашата Република Македонија го достигнува својот максимум, па така денес и утре (четврток и петок 26/27 јуни) максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 41 степен. Во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 40/41 степен.
Веќе утре (петок 27 јуни) во попладневните и во вечерните часови локално ќе се развиваат грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи, силен ветер а локално е можно и невреме со појава на град. И во делови од Скопскиот регион утре (петок 27 јуни) попладне и навечер ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и со услови за појава на невреме.
За време на викендот пак (сабота и недела 28/29 јуни) поради продор на посвежа воздушна маса од север кај нас температурите ќе бележат тенденција на пад за 5 до 7 степени во однос на оние кои ќе ги имаме денес (четврток 26 јуни) и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, во Скопје максимумот на температурата за време на викендот ќе се искачи до околу 33/34 степени.
Исто така за време на викендот ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час).