Шпанија е погодена од нова катастрофа од поплави. Последна беше погодена провинцијата Жирона, а по улиците пловеа автомобили.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како беснее поројна вода и носи сè што е на патот, вклучително и повеќе од 30 возила, додека утринава го зафати центарот на каталонскиот град Кадакес.
Жителите се разбудија со нови сцени на пустош, при што властите открија дека вкупно 32 автомобили биле однесени од поплавите.
Последните поплави ја погодија Шпанија нешто повеќе од една недела откако повеќе од 200 луѓе загинаа во Валенсија.
Засега нема информации за жртви во денешните поплави.