(Видео) Барди јубилејниот 100. настап за Леванте го одбележа со два гола

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди, јубилејниот 100. настап за тимот на Леванте во шпанската Примера го одбележа со два гола на гостувањето кај Селта во Виго каде забележаа победа од (3:2). Барди со овие два погодока сезонава постигна вкупно шест за тимот од Валенсија. Втор натпревар во низа македонскиот репрезентативец Барди се запишува во листат на стрелците за својот тим со што само ја потврдува добрата форма и го привлекува вниманието на поголемите клубови во Европа. Покрај интересот на англискиот премиерлигаш Арсенал нема да биде никакво изненадување ако на адресата од Барди пристигнат и други понуди ова лето.

-Имавме потешкотии на претходните натпревари, но дојдовме во Виго по победа. Игравме многу подобро отколку минатата недела и победивме. Можам да бидам уште подобар, а головите се најмалку важни кога екипата победува, беше скромен во својата изјава Барди.

 

https://streamable.com/538sx6

Треба да знаете
Последни објави