Изборни инциденти: Нападнат полицаец во Велешта, негов колега во Крушевски пукал во воздух за да спречи расправија

На 15.07.2020 околу 11.00 часот во дворот на училиштето „Зини Хани“, во струшкото село Велешта, В.Ќ.(31) и А.Ќ.(28), двајцата од истото село, го нарушиле јавниот ред и мир. Тие најпрво упатиле навредливи зборови, а потоа и физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија во врска со предвремените парламентарни избори. По целосно документирање на случајот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 15.07.2020 околу 18.00 часот во Полициската станица Крушево било пријавено дека во близина на спортската сала во с.Бучин, крушевско, на околу 200 метри од гласачко место, настанала расправија помеѓу две групи на граѓани, по што полициски службеник од Полициска станица Крушево, кој вршел обезбедување на гласачко место, издал наредба да престанат со нарушувањето на јавниот ред и мир.

Тие не послушале, по што полицискиот службеник од службениот пиштол испукал два предупредувачки истрела во воздух. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Треба да знаете
Последни објави