Skip to main content
Македонија

Клековски: Сите трошоци за лекувањето на повредените во ,,Пулс” ќе бидат подмирени од Владата

19/06/2025  13:52

Сите трошоци околу пациентите кои се здобија со повреди во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ќе бидат подмирени од Владата и тоа долгорочно, најави денеска директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.

-Исто така, сите третмани ќе бидат овозможени во болницата во Кочани, место првичниот план, тие третмани да се обавуваат во трите болници во Скопје, Клиничкиот центар, „8 Септември“ и „„Св. Наум Охридски“, појасни директорот.