Skip to main content
Македонија

Онкологија повторно без дел од терапијата за канцер

13/06/2025  16:17

Дел од пациентите на Онкологија повторно останале без неколку лекови кои во моментов ги нема, а причината за тоа како што велат од Онкологија е проблеми со дистрибутерот.

Како што дознава 24Инфо моментално недостасуваат лековите: Letrozole (лек за рак на јајници), Paclitaxel (лек кој се користи за хемотерапија) и Anastrozole (антиестрогенски лек-додаток за рак на дојка).

Директорот на Онкологија, Игор Стојковски во изјава за нашиот медиум истакна дека проблемот не е во Клиниката за Онкологија, односно дека набавката е уредно направена и проблемот е во дистрибутерот кој има проблем во увоз и испорака на лекот. Според неговите информации недостасува еден лек.

На прашањето кога ќе биде решен овој проблем директорот не даде конкретен одговор, посочувајќи дека ќе биде достапен кога ќе се репи проблемот со дистрибутерот.