
Се судрија двајца малолетници со мопеди во Битола. Повредени се три деца.

– На 12.06.2025 во 23.51 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Крушевска Република“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „лонгиа“ со битолски регистарски ознаки управуван од 15-годишник од Битола и мопед „лонгиа“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишен сопатник на мотоциклот кој го управувал 16-годишникот, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општата болница Битола, известија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.