
Во изминатиот период зачестија пријавите до полицијата за кражби на надгробни бисти од гробиштата во Скопје. Во неколку наврати беа пријавувани и кражби на бисти од споменици во училишта и паркови низ Скопје
На територија на СВР Скопје во 2025 година, споредбено со 2024 година, овие кражби се зголемени, потврдуваат од полицијата за Скопје Инфо.
Оттаму велат дека лани се регистрирани два случаи каде што се украдени спомен бисти или делови од нив, додека досега годинава регистрирани се 29 случаи (првиот настан е од 03.01.2025 година), најголем дел од нив на гробиштата во Бутел, Ѓорче Петров и Драчево.
– Сите овие случаи се класифицирани како кривично дело „тешка кражба“ согласно Кривичниот законик. СВР Скопје презема мерки за утврдување на идентитетот на сторителите како и мотивите за извршување на кривичното дело. Најверојатно се работи за нелегална трговија со метали и легури, појаснија од МВР.