Skip to main content
Свет

Ова е масовниот убиец од Грац: Уби 10 луѓе, па изврши самоубиство

11/06/2025  15:15

Австриските власти продолжуваат да бараат одговори зошто 21-годишниот вооружен човек идентификуван како Артур.А., уби 10 лица во пукотница во неговото поранешно средно училиште пред да си го одземе животот, во еден од најлошите насилни инциденти во модерната историја на земјата.

Некои австриски медиуми објавија дека младиот човек, изгледа се чувствувал малтретиран, иако полицијата сè уште не го потврдила ова.

Австриските власти изјавија дека осомничениот е поранешен ученик, кој никогаш не го завршил образованието во институцијата.
Тој, како што пренесуа австриските медиуми оставил проштална порака во која не се открива мотивот за нападот, соопшти полицијата, објавувајќи утрово дека во неговиот дом е пронајдена импровизирана експлозивна направа, која не била функционална.