20-годишен жител на Гостивар додека бегал од полицијата со својот автомобил фрлил автоматска пушка.
„На 06.11.2024, околу 23:50 часот, 20-годишниот Л.Ј. од Гостивар бил лишен од слобода по опасна потера со полицијата. За време на бегството, додека се движел со своето возило мерцедес со гостиварски регистарски ознаки, Л.Ј. фрлил автоматска пушка со рамка во која имало два куршуми од прозорецот на возилото. Пушката била пронајдена и одземена од полицијата“, велат од МВР.
Момчето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе следи пријава по член 396 од Кривичниот законик. Полициските власти продолжуваат со истрагата за утврдување на сите околности на инцидентот.