За 130.000 се зголемил бројот на регистрирани возила во Македонија за шест години

Од 2012 година па заклучно со 2018 година бројот на регистирани возила во Макеоднија се зголеми за 132.030. Така, во 2012 година биле регистрирани вкупно 345.320 возила, а веќе следната година има драстично зголемување за 58.019 возила, анализира „24Ауто.мк“.

Најголем број на возила се регистрирани минатата календарска година и тоа 477.350 возила. За жал, ДЗС нема бројка за тоа колку од овие возила се регистрираат за прв пат односно се нови, а колку се половни, но прв пат се регистрираат во Македонија.

Исто така ДЗС нема објавено сеуште официјални податоцi за 2019 година, но ако се користат вкрстените податоци на Царинската Управа тогаш може да се заклучи дека и минатата година продолжил трендот на зголемување на бројот на регистрирани возила.

Повеќе на „24Ауто.мк“.

Треба да знаете
Последни објави