Skip to main content
Македонија

Викендов ни следува максимумот на овој топлотен бран од Африка – Температури до 37 степени!

07/06/2025  09:46

Под влијание на многу топла воздушна маса која продира од Африка кон нашата Република Македонија, викендов времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за сосема ретка појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени, додека во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 36/37 степени.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има многу висока вредност и ќе изнесува коефициент 8.

Опаѓање на температурите на воздухот и слабеење на овој топол бран од Африка ќе имаме уште од почетокот на следната седмица.