Skip to main content
Балкан

Убиство во центарот на Белград: Млад човек застрелан, двајца осомничени приведени

07/06/2025  00:17

Во вечерните часови, околу 20:15 часот, на улицата „Гаврила Принципа“ бр. 52 во белградската општина Савски Венец, се случи вооружен инцидент во кој беше убиен 24-годишен маж.

Полицијата веднаш реагирала, а припадниците на Интервентната единица 92, врз основа на описите, ги лоцирале и привеле двете лица за кои се сомнева дека се поврзани со убиството. Кај едното од лицата бил пронајден пиштол.

Целата улица е блокирана, а на местото на настанот се присутни голем број припадници на полицијата и форензичките служби. Во тек е обдукција на телото, а надлежните органи работат на утврдување на мотивите и сите околности поврзани со овој тежок кривично-правен случај.

Настанот предизвика вознемиреност кај жителите на овој дел од Белград, бидејќи се случи во еден од најфреквентните делови на градот.