
По повод Светскиот ден на животната средина, денеска во Скопје ќе се одржи првата годишна конференција насловена „Заедно за одржлива животна средина“, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање.
На отворањето на конференцијата ќе се обратат првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изeт Меџити и претставничката на УНИЦЕФ во РСМ, Лесли Милер.
Настанот ќе вклучи два панела на кои ќе се дискутираат клучни теми поврзани со животната средина и одржливиот развој, и работилница на која ќе учествуваат ученици и наставници од ГЛОВЕ програмата и од Мрежата за искуствено учење.