Заев: Избори на 15 јули

Избори на 15 јули. Ќе побараме уште една вонредна состојба од претседателот Стево Пендаровски- вели првиот човек на СДСМ Зоран Заев.

– Ова е последен датум за избори. Мицковски побара и доби 15 јули. Договоривме со Мицковски да го информираме Пендаровски и ченовите на ДИК  за избори- вели Заев.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/1142878292736144/

Одговорност е да направиш се, да обезбедиш институции кои нормално ќе функционираат. Ни треба активно собрание, ни треба целосно функционална политичка влада, пред се на граѓаните, а потоа и на власта и опозицијата. Само на тој начин есента ќе ја дочекаме спремни. Поголема криза од оваа не можеме да издржиме со техничка влада и без Парламент. Свесен сум дека на сите ние преку глава од политички игри. Се знае кој во минатото бил најодговорен пред народот и државата. За да не страда народот, го заклучуваме 15 јули како последен датум за избори. Денеска повторно разговарав со Мицкоски и тој ми потврди дека е согласен да учествува на избори на 15 јули. Изборите ќе бидат во среда, кој ќе биде неработен ден -истакна Заев.

Треба да знаете
Последни објави