Трипуновски: Димковски се заканува на откупувачи

Интегрален текст од изјава на Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

 

„Трајан Димковски наместо да се зафати со решавање на проблемите на земјоделците, оди и се заканува на недолжни луѓе. Димковски вчера го посети Росоман и наместо да каже зошто каналите за наводнување се нефункционални или како ќе ги санира штетите од невремето, праќал нему блиски луѓе да се закануваат и напаѓаат откупувачи. Земјоделците од Димковски очекуваат помош, а добиваат закани. Димковски наместо да се насочи кон решенија на проблемите кои ги наталожија СДСМ во изминативе три години вчера потроши цел ден за закани. Настанот бил уредно пријавен во МВР и документиран од страна на надлежните и против сите сторители апелирам да бидат поведени соодветни постапки. Насилсетвото не смее да се толерира.

https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/videos/1252198708459515/?t=2

Господине Димковски, до кога ќе ги мотивираш твоите послушници да шиканираат, да се закануваат и да навредуваат недолжни граѓани, земјоделци и откупувачи!? Знам дека се работи за голема нервоза во СДСМ од неминовниот пораз кој ги очекува, но тоа не смее да биде оправдување за шиканирање на народ. Одговорност за овој и за многу други случаи мора да има. Презумпцијата на невиност ќе му биде загарантирана на секого, но на никој нема да му се дозволи да шиканира, навредува и да се заканува на било кого и за тоа да помине неказнет. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија.

Треба да знаете
Последни објави