Порославен југословенски фудбалски ас нападнал три жени и дете во Хрватска

Прославениот поранешен југословенски фудбалски ас Јосип Скоблар е „главен играч“ во скандалот кој го привлекува вниманието на јавноста во Хрватска. Некогашниот играч на ОФК Белград коко пренесуваат хрватските медиуми нападнал три жени и едно дете во околината на Задар.

Според медиумите тој една жена фатил за шија, другата личност била со инвалидитет и една онколошки пациент. За овој инцидент постоела снимка, а го потврдила и задарската полиција, која навела дека Скоблар ги нападнал жртвите и со копач !

Против него е покрената пријава за вербален и физички напад, а здравствените работници потврдиле дека нападнатите имаат здобиено и повреди.

Скоблар во својата славна фудбалска кариера покрај за ОФК Белград има играно и за Олимпик од Марсеј, Хановер и Риека. Ја има освоено и „Златната копачка“ која му се доделува на најдобриот стрелец во Европа. Со репрезентацијата на Југославија во 1962 година стаса до полуфиналето на Светското првенство.

 

Треба да знаете
Последни објави