Skip to main content
Хроника

Почина 25-годишниот мотоциклист повреден во несреќата на „Џон Кенеди“

21/05/2025  22:53

По тешката сообраќајна несреќа што се случи на 9 мај на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје, 25-годишниот мотоциклист А.Ц. им подлегнал на повредите. Несреќата се случила околу 21:20 часот, кога дошло до судир помеѓу патничко возило „Рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот Ф.А. од селото Визбегово, и мотоцикл марка „БМВ“, управуван од младиот скопјанец.

Мотоциклистот со тешки телесни повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде неколку дена подоцна, за жал, починал.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 10 мај, во 00:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода возачот на автомобилот. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.