Skip to main content
Хроника

Уапсен маж од Куманово – со БМВ се обидел да удри полицаец!

20/05/2025  11:55

На 20.05.2025 во 03.20 часот на патот Прилеп – Градско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Т.(26) од Куманово.

Претходно, тој не застанал на знак за запирање и со возилото „бмв“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал, се обидел да удри полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.