
Во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, денеска ќе се одржи третиот по ред „Форум за културна дипломатија”, во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на државата, д-р Ѓорге Иванов.
Темата на овогодишниот форум е: „Одржлив развој и културна дипломатија – поттикнување глобални партнерства”. На свеченото отворање свое обраќање ќе има министерот за надворешни работи и надворешна трговија, г. Тимчо Муцунски.
Форумот ќе ги обедини експерти од областа на културната дипломатија, одржливиот развој и меѓународните односи, со цел унапредување на глобалната соработка и истакнување на културата како клучен елемент во градењето мостови меѓу народите.