Skip to main content
Македонија

Големиот Медитерански влажен бран ни донесе над 40 литри дожд на м/2

17/05/2025  16:05

Како што беше и најавено од моја страна, големиот Медитерански влажен бран кој ја зафати нашата Република Македонија и на многу места донесе значително количество на дожд, сепак, најголемо количество на воден талог во литри на метар квадратен донесе во Крушево, и тоа 41 литар дожд, потоа во Охрид со 26 литри дожд.

На табелата можете да погледнете колкаво количество на воден талог во литри на метар квадратен наврна во Македонија по градови и места, и тоа за време на големиот Медитерански влажен бран, исто така, можете да ги видите и денешните минимални утрински температури на воздухот, која на Попова Шапка истата се спушти под нулата.