Skip to main content
Хроника

Украдена уште една биста од гробишта во Бутел – полицијата работи на расчистување на случајот

17/05/2025  15:37

Скопјанецот Д.П. (67) пријавил во СВР Скопје дека од гробното место на неговата почината мајка на Градските гробишта во Бутел е украдена биста.

Како што соопшти МВР, кражбата се случила во периодот од 1 февруари до 14 мај 2025 година. Според пријавата, непознат сторител со употреба на сила и погоден алат ја одзел бистата поставена на споменикот.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.