Семејна драма во Парачин: Љубиша останал сам, од Ковид 19 му починале родителите и сестра му

Од Ковид 19 почина и третиот член на семејството Ракиќ од Парачин. Целиот град е во шок, затоа што сите се молеа дека барем Љилjана ќе преживее и дека братот Љубиша (43), по родителите, нема да ја погреба и својата сестра. За жал, токму тоа се случи.

Изгубен од тага и болка, Љубиша во понеделникот ја погреба својата сестра на градските гробишта во Парачин, во присуство на само неколку роднини, затоа што опасноста од смртоносна инфекција сè уште не помина.

– Не можете ни да замислите како се чувствувам. Се надевав, посакував, се молев барем сестра ми да остане жива, дека таа ќе преживее, да не останам целосно сам во празна куќа, без родители, сирак. Бев среќен кога пред неколку дена од КБЦ Земун, каде се лекуваше, медицинска сестра ме извести дека Љилјана е тргната од респираторот, дека се чувствува подобро. Но не издржа. Само еден ден после тоа ѝ се слоши и почина оставајќи ме да умрам од тага. Имаше само 47 години, изјавил Љубиша.

Несреќната Љилjана биле тешка дијабетичарка, на инсулин, но нејзиниот брат сепак се надевал.

– Имав три погреби за три недели. Прво татко ми Драган (70) почина од истата страшна болест во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“. Го погребав на 22 април, а по само два дена почина мајка ми Радмила. Лежеше во КБЦ „Земун“, каде што беше и мојата сестра, само мојата несреќна Љилjaна замина два-три дена порано. Татко ми беше тешко болен од бубрези, имаше и карцином на простата, верувам дека се заразил на дијализа во Ѓуприја. Тој прв се разболе, потоа мајката и сестрата. Мајка ми исто така беше сериозно болна, оперираше канцер на мочниот меур. Поради сите нивни болести, не можев да работам. Сега не знам дали можам да започнам нешто, не знам што ќе правам, не знам како ќе го направам тоа, вирусот уби сè што имав-рекол низ солзи Љубиша.

Треба да знаете
Последни објави