
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, доцна синоќа, пред неформалната вечера што ја приреди за учесниците на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана од Западен Балкан, на платформата Х објави дека има нов моментум во проширувањето на Европската унија.
„Понатамошните напори за напредок кон пристапување мора да бидат водени од фундаментални принципи: доследност и доверба“.
„Доследност – од страна на ЕУ во одржувањето на проширувањето на врвот на својата политичка агенда. И доследност од страна на партнерите во усогласувањето со нашите вредности и спроведувањето реформи. Доверба – ова може да се изгради само преку отворен дијалог. Внатрешно, меѓу партнерите во регионот и со институциите на ЕУ и земјите-членки“, напиша Кошта.