
Денеска околу 04 часот по полноќ, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола на ул.„Васко Карангелевски” во Битола го лишиле од слобода Б.М.(72) од Битола.
По преземени мерки, тој бил фатен на местото на настанот додека извршувал кривично дело „тешка кражба“, а осомничен е за пет кривични дела „тешка кражба“ затоа што одзел засилувачи на интернет, сопственост на „А1 Македонија“, а поставени на згради во Битола, соопштија од МВР.
Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува кривична пријава.