
Малолетник бил нападнат од неколку лица на автобуска постојка во центарот на Скопје.
„Вчера во 18.30 часот во СВР Скопје, 46-годишната Р.Ј. од Скопје пријавила дека еден ден претходно на 05.05.2025 околу 22.00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, нејзиниот 17-годишен син бил физички нападнат од неколку лица, најверојатно малолетници“, информираат од МВР.
Полицијата ги презема мерки за расчистување на настанот.