Србија не е вклучена во макрофинансиската помош на ЕУ затоа што не побарала

– Србија е исклучена од најавите на Европската Комисија за три милијарди евра макрофинансиска помош за десет земји од непосредното соседство на Европската Унија, вклучително и Северна Македонија, јавува дописничката на МИА од Брисел.

На новинарско прашање до прес службите на Европската Комисија, испратен е писмен одговор во кој се тврди дека земјата не побарала помош.

-Еден од критериумите за вклучување на земјите во омнибусот е дали побарале итна парична асистенција од Меѓународниот монетарен фонд, на пример во форма на Инструментот за брзо финансирање. Србија беше информирана од службите на Европската Комисија за можноста за макрофинансиска помош во контекст на Инструментот за брзо финансирање на ММФ. Српските власти моментално не гледаат потреба од надворешна финансиска помош и одлучија да не се свртат кон ММФ за помош, стои во писмениот одговор на Европската Комисија до медиумите.

Европската Комисија најави утрово дека предлага итна макрофинансиска помош во вкупен износ од три милијарди евра поделени на десет земји од западниот Балкан, Украина, Грузија, Јордан, Молдавија и Тунис.

Треба да знаете
Последни објави