
ЈСП Скопје и годинава ќе овозможи полесен пристап на посетителите на 37 – от „Меѓународен саем на книгата“ кој ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“.
За таа цел, од 8.05.2025 год. (четврток) до 14.05.2025 год. (среда), во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“, едната ќе поаѓа од Ново Лисиче, а другата од Дексион.
Билетите за нивно користење ќе чинат согласно со ценовникот за користење на јавен превоз.