Skip to main content
Култура

Себастијан Фицек доаѓа на Саемот на книга 2025

06/05/2025  09:55

Во година кога слави 15 години љубов кон книгите и речиси 500 изданија, издавачката куќа „Сакам книги“ го носи во Скопје еден од најголемите современи автори на психолошки трилери – Себастијан Фицек.

MK Summit

Овој мај, Фицек ќе биде специјален гостин на Саемот на книга 2025, каде што на 10 мај ексклузивно ќе ги претстави своите две нови книги преведени на македонски: Девојката со свеќа и  Мимики.

Настанот вклучува и лична средба со читателите, потпишување, разговор и инспирација – историски момент за македонската книжевна сцена и заслужена награда за верната читателска заедница.

„Не постои ништо поубаво од тоа да се запознаеш со твоите читатели, и тоа во град како Скопје, каде љубовта кон книгите е толку жива“, изјави Фицек пред посетата.