
Тројца се повредени при напад со остар предмет во село Тркање, кочанско.
-Денеска (02.05.2025) во 00.35 часот во Полициската станица Кочани од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив биле донесени Ж.Б., М.Б. и Т.С. со повреди од остар предмет, a според пријавеното, пред продажен објект во с. Тркање биле нападнати од страна на И.М. и Б.М., сите од с.Тркање, кочанско, информира МВР.