Skip to main content
Свет

Во торнадо вo Анталиja загинаа четворица градежни работници

27/10/2026  20:09

Четири лица загинаа, а едно е повредено во инциденти предизвикани од торнадо во турскиот туристички град Анталија, објави турската државна телевизија ТРТ Хабер, повикувајќи се на изјава на гувернерот на Анталија, Хулуси Шахин. 

Ветрот преврте комбиња на градилиште во населбата Кепез, при што загинаа четворица работници, од кои двајца биле прогласени за мртви на местото на настанот, додека другите двајца починале во болница. 

Работникот со повреди не е во животна опасност, изјави гувернерот.

Во врска со настанот приведени се четири лица, вклучувајќи го сопственикот на градилиштето и техничкиот раководител. Спасувачките екипи продолжуваат да работат на местото на настанот поради можноста дека може да има и други жртви во реонот на инцидентот. 

Торнадото оштетило и автомобили.

Од силината на ветрот соборен бил и  градежен кран во истиот реон. Но, овој инцидент нема врска со превртените комбиња, прецизира гувернерот на Анталија.