Skip to main content
Свет

Путин го покажa својот луксузен стан во Кремљ

02/05/2025  11:49

Рускиот претседател Владимир Путин го покажа својот стан во Кремљ, откривајќи дека таму ги поминал повеќето ноќи во последните три години.

На еден од неговите ѕидови е портрет на царот Александар Трети, владетел за кого Путин претходно изјави дека го почитува.

„Значи, дали често сте тука?“ го праша Зарубин во извадок од интервју што го објави на Телеграм.

Путин одговори:

„Најчесто тука, во последните три години.“

Гледајќи бело пијано во станот, новинарот праша дали претседателот понекогаш има можност да свири на него.

„Многу ретко“, одговори Путин.

Тој ја покажа и библиотеката на Зарубин, двете спални соби и домашната црква.