Skip to main content
Хроника

Кавадарчанец пријавил физички напад од сопругата

01/05/2025  15:54

Кавадарчанец пријавил дека бил физики нападнат од сопругата, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес.

Според неговиот исказ даден во полицијата, нападот следел по претходна вербална расправија.

„Маж на 42 години вчера во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кавадарци пријави дека на 19 април, по претходна расправија во семејниот дом во Кавадарци, бил физички нападнат од неговата 39-годишна соруга“, пишува во соопштението од СВР Велес.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.