Skip to main content
Хроника

Претрес во Дебар, пронајдени пиштол и муниција

01/05/2025  12:44

На 30.04.2025 во 16 часот полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода С.Т.(39) од Дебар. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа пиштол „Пиетро Берета” калибар 7,65 милиметри, рамка со 10 куршуми калибар 7,65 милиметри и 46 други куршуми за пиштол, без никаква документација. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

MK Summit