Search

Словенците го ставаат под контрола коронавирусот

Кога почна да се шири коронавирусот во регионов најтешка беше ситуацијата во Словенија и Романија, каде бројот на инфицираните драстично се зголемуваше од ден во ден. Но, Словенија успеаа да го забави бројот на заразените, па сега лидери според бројките на заразени се Србија и Хрватска. Ситуацијата во мометов е најдраматична во Романија каде бројката на заразени од коронавирусот се искачи преку 3.800.

Во Србија регистирани се 1.908, со 51 починат, а излекувани се 54 лица. Во Хрватска  има инфицирани 1.182 со 15 починати лица. Во Босна и Херцеговина има 667 незаразени, а починато 26 лица, во Црна Гора 223 со 2 лица. Словенија се задржа на 997 инфицирани и има 28 жртви, а во Македонија бројката на заразени е 555 со 18 починати од кои петмина се во саботата што е најмногу во еден ден од избувнувањето на корона-кризата. Досега во Македонија се излекувани 23 лица од вирусот.

Во Албанија бројката на инфицирани се искачи на 361 инфицирано лице, а здравствените служби сметаат дека занчителниот пораст во последните три дена на инфицирани се должи на непочитувањето на препораните за одржување дистанца меѓу луѓето. Во земјата се починати 20 лица.

Романија со 3.864 инфицирани е со најмногу заразени во регионот. Има и 151 починато лице.

Бугарија има регистирано 531 заразено лице и 20 починати.

Унгарија стаса до 744 заразени лица од короанвирусот, а има и 38 починати, додека 67 лица се излекувале. Во карантин во оваа земја се наоѓаат 14.325 лица.

 

Треба да знаете
Последни објави