Skip to main content
Македонија

ОЈО ги кани на средба семејствата на настраданите во Кочани

28/04/2025  16:34

Во текот на утрешниот најавен протест на семејствата на жртвите во пожарот во кочанската дискотека “Пулс”, Јавното обвинителство поканува на средба претставници на семејствата кои би сакале подетално да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка.

„Доколку кај блиските на жртвите постои таков интерес, тие можат да определат свои претставници (најмногу по еден член од семејство на секоја од жртвите) кои ќе остварат средба со Јавниот обвинител на Македонија и обвинителите кои постапуваат во предметите“, соопштуваат од Јавното обвинителство.