
Свекрва нападна снаа во семеен дом во Македонска Каменица.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.Х. (49) од Македонска Каменица поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, согласно член 144 став 3 во врска со став 1 и член 45 од Кривичниот законик. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 24 април 2025 година во семејниот дом, В.Х. физички ја нападнала својата 29-годишна снаа. По инцидентот, веднаш интервенирале полициските службеници од Полициското одделение Македонска Каменица, кои ја лишиле В.Х. од слобода.
По преземените мерки и активности, против лицето е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Делчево.