Skip to main content
Македонија

Таравари: Борис и Мартин ја водат најважната битка, состојбата им е тешка но стабилна

28/04/2025  00:21

Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска ја посети болницата „Чам“ во Истанбул, каде се лекуваат двајцата млади пациенти повредени во трагедијата во Кочани.

„Останаа двајца пациенти, Борис и Мартин, кои имаат по 21 година. Состојбата им е тешка, но стабилна. Јадат самостојно и се под постојан надзор, заедно со своите родители. Би сакал јавно да изразам голема благодарност до целиот тим на болницата, кој даде исклучителен придонес во третманот на најтешко повредените пациенти“, изјави Таравари по посетата.

Министерот додаде дека ќе продолжи да ја следи состојбата на младите пациенти и дека сите потребни медицински услуги ќе им бидат обезбедени.